Повторно проблеми за Челси - без Палмер против Барселона и Арсенал

Ѕвездата на Челзи, Кол Палмер ќе пропушти уште најмалку три натпревари на својот тим откако го скрши малиот прст на левата нога при пад во својот дом.

Англискиот репрезентативец е надвор од теренот од септември поради повреда на препоните и се очекуваше да се врати по паузата за репрезентативни натпревари, но неговото враќање повторно е одложено. Палмер ќе ги пропушти натпреварите против Барнли, Барселона и Арсенал.

„За жал, тој имаше несреќа дома каде што го удри прстот на ногата. Не е ништо сериозно, но нема да се врати следната недела. Не знаеме колку долго ќе биде надвор. Неговиот прст е скршен. Се што знам е дека нема да биде достапен оваа и следната недела“, изјави менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, на денешната прес-конференција.

Палмер одигра само три натпревари оваа сезона поради повредата.

„Тимот претпочита Кол да игра. Се чувствувам многу подобро кога е на теренот. Кога го нема, мора да најдеме решенија“, додаде Мареска пред утрешното гостување кај Барнли.