Вардар лесно се справи со вториот тим на Пелистер - двоцифрена победа!

Ракометарите на Вардар ја запишаа 13. победа од исто толку натпревари во македонската Суперлига откако денеска го победија тимот на Пелистер 2 со убедливи 34-24.

Вардарци успешно им се вратија на домашните задачи, тие денека настапија без седум стандардни играчи, но црвено-црните немаа никаков проблем да го совладаа вториот тим на Пелистер.

Битолчани пружија отпор во најголемиот дел од првото полувреме, Вардар со серија од 3-1 во финишот дојде до предност од 14-11. 

Но, вториот дел беше поинаков, Вардар додаде гас уште на почетокот, создаде недостижна преднос која ја зголемуваше до конечни 34-24.

Марио Стојановски и Марек Марчинијак постигнаа по шест гола за Вардар, исто толку за Пелистер 2 постигна Бојан Гичев.