Ковач за скандалот на ѕвездата на Дортмунд со оружјето: Јас не сум му татко!

Борусија Дортмунд ќе го пречека Штутгарт во 11. коло од Бундеслигата, а тренерот Нико Ковач доби прашање за талентираниот Карим Адејеми кој се најде во центар на скандал во Германија.

Главна тема беше скандалот со оружјето, кое беше пронајдено кај Адејеми по што фудбалерот доби висока парична казна со цел да избегне затвор.

Новинарите го прашаа Ковач дали ќе го казни Адејеми или ќе го суспендира поради инцидентот кој го предизвика, по што стратегот даде јасен одговор.

„Јас не сум му татко. Јас сум негов тренер, ние имаме заеднички цели со Дортмунд. Мислам дека никој на прес-конференцијава не е безгрешен. Животот оди понатаму, нема што да кажам“, посочи Ковач.