Бивш олимпиец станал нарко-бос: ФБИ нуди награда од 15 милиони евра!

Федералното истражно биро (ФБИ) објави дека е распишана награда вредна 15 милиони долари за информации кои би помогнале за приведување на поранешниот олимпиец Рајан Џејмс Вединг.

Поранешниот сонубордер е осомничен дека е лидер на меѓународна мрежа за трговија со дрога, па поради тоа ФБИ сака да го уапси.

Вединг во минатото ја претставуваше Канада на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Салт лејк сити, а од март е на листата на ФБИ за 10 најбарани криминалци.

Според информациите на Министерството за правда на САД, тој е обвинет дека водел меѓународна група која тргувала со дрога од Колумбија и Мексико.