Роналдо со посетата на Белата куќа ќе заработи десетици милиони евра!

Професорот Роб Вилсон, кој е директор на Универзитетскиот кампус за фудбалски бизнис, кажа дека средбата на Кристијано Роналдо и Доналд Трамп ќе му донесе повеќе пари на Португалецот.

Роналдо со гостувањето кај американскиот претседател би можел да ја зголеми заработката од спонзорските договори.

„Со добиениот медиумски простор, може да следи зголемување на вредноста на неговите спонзорски договори во портфолиото. Може да очекуваме дека Роналдо ќе стигне до 90 милиони евра годишно од сопнзори во САД“, кажа Вилсон.

Фото: Instagram/cristiano