Oдложен натпреварот на Големо Коњари и Охрид, се поплавил теренот

Утре на програмата се натпреварите од 13. коло во Втората македонска фудбалскал лига, но дуелот во кој требаше да се сретнат Големо Коњари и Охрид Лихнидос нема да се одигра.

Причина за одложувањето на натпреварот е поплавениот терен на домашната екипа.

Од Охрид информираа и дека дуелот веќе има нов термин и ќе се одигра на 3 декември.

На табелата Големо Коњари е на последната позција на табелата со само три бода по 11 натпреваи, додека Охрид е во врвот на табелата на третата позиција со 27 освоени бодови.