EХФ потсети на епската битка на Вардар и ПСЖ: Финалето со најлуд состав! (ВИДЕО)

Во период кога Вардар се натпреварува во Европската лига, ЕХФ потсети на финалето кое „црвено-црните“ го добија против Пари Сен Жермен во 2017 година и за првпат ја освоија Лигата на шампионитее.

Од ЕХФ токму ова финале го истакнаа како финалето со „најлуд состав во историјата“ со оглед на имињата кои ги имаше на двете страни.

Тогаш дресот на ПСЖ го носеа: Микел Хансен, Никола и Лука Карабатиќ, Лук Абало Уле Генсхајмер...додека за македонската гордост играа: Дибиров, Kaрачиќ Циндриќ, Чупиќ, Душебаев, Кањалес, а како единствен Македонец во составот беше Стоилов.

Две години подоцна Вардар и вторпат се искачи на тронот на Европа, а на фајнл-фор турнирот играше и во 2018 година.