Џака доби свирежи во Приштина: Боли, не го очекував ова! (ВИДЕО)

Синоќа на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина се одигра последниот квалификациски меч за од групата Б, Косово ја пречека Швајцарија, натпреварот заврши 1-1, во центарот на вниманието беше Гранит Џака.

Капитенот на Швајцарија и играч од средниот ред на Сандерленд, Гранит Џака има албанско потекло. Албанците ги славеа неговите голови против Србија, но синоќа беше поинаку.

Но, вчера наместо овации, Гранит Џака доби свирежи од публиката во Приштина.

„Изненаден сум. Ова е последното нешто што можев да го очекувам, искрено. Особено тука, дома. Искрено, боли“, изјави Џака по натпреварот.

„Не ми се допадна, но без разлика на тоа, морав да се фокусирам на натпреварот. Се е во ред“.

Свирежите беа само дел од непријатностите кои Џака ги доживеа на Косово. Тој влезе во вербален дуел со еден од водачите на навивачите на Косово.