Хаити по пет децении ќе игра на СП, таму ќе биде и Курасао кој испиша историја! (ВИДЕО)

Ноќеска се играа последните натпревари од квалификациите за Светското првенство во Северна и Централна Америка, а меѓу оние кои се пласираа на Мундијалот се и Хаити и Курасао.

Проширувањето на Мундијалот донесе шанса и за некои егзотични репрезентации да дојдат до билет и да земат учество на светскиот собир.

Курасао одигра без голови на гостувањето кај Јамајка и го задржа првото место во групата со што обезбедија пласман на Светското првенство.

За нив ова ќе биде деби учество, а според бројот на жители тие ќе бидат најмалата земја која учествувала на фудбалски Мундијал, имаат само 160.000 жители.

Хаити со 2-0 ја победи Никарагва, а Хондурас одигра 0-0 кај Коста Рика. Тоа значеше дека Хаити по вторпат ќе биде на Мундијалот, а првиот пат се случи во 1974 година.

Откако ја победија Никарагва, фудбалерите на Хаити се собраа заедно и на телефон чекаа да заврши мечот меѓу Хондурас и Хаити, кога судијата таму отсвири крај, радоста можеше да почне.

Тој момент може да го видите на овој ЛИНК.

Од Северна и Централна Америка учество избори и Панама која заврши прва во својата група. Јамајка и Суринам ќе играат плејоф за последното место кое носи на Мундијалот.

САД, Мексико и Канада имаат директен пласман како домаќини.