Главоболки за Артета: Арсенал го чека пеколен крај на годината!
Габриел се повреди додека беше со репрезентацијата на Бразил и првите медицински прегледи покажаа дека го чека поголема пауза.
Според првичните прогнози, Габриел ќе отсуствува најверојатно до крајот на годината, а тоа е голем проблем за тренерот Микел Артета затоа што „топчиите“ во тој период треба да одиграат 11 натпревари.
Арсенал има тежок распоред по репрезентативната пауза затоа што го чекаат пресметки со Тотнем, Баерн Минхен и Челси.