Антони поради Бетис му удрил „корпа“ на Баерн Минхен!
Антони кажа дека добил понуда од баварскиот гигант, но решил да ја добие затоа што веќе дал ветување на навивачите на Бетис.
„Баерн сакаше да ме ангажира во последните 24 часа во летниот преоден рок. Компани ми се јави лично, но јас веќе им ветив на навивачите на Бетис дека ќе останам. Не можев да ги предадам“, кажа Антони.
Бетис во минатиот преоден рок го откупи Бразилецот од Манчестер јунајтед за 22 милиони евра.
Фото: Betis FC