Утре нема да биде лесно: Велс го распродаде стадионот!
Стадионот во Кардиф е со капацитет од околу 33.280 места и за македонските навивачи се обезбедени околу 700 билети.
Селекторт на Велс, Крег Белами пред овој натпревар и побара поддршка истакнувајќи дека за него ова ќе биде еден од најважните натпревари откако е на клупата на Велс.
Македонија во натпреварот влегува од втората позиција и за да останеме таму доволно ќе ни биде и реми.
Натпреварот се игра во терминот од 20:45 часот.