Спектакл на повидок: Ентони Џошуа договори борба против Џејк Пол!

Популарниот јутјубер Џејк Пол си договори уште една борба од која се очекува да го наполни џебот, а следен ривал треба да му биде боксерот Ентони Џошуа.

Борбата меѓу Пол и Џошуа ќе биде во организација на „Нетфликс“, каде што ќе има пренос од пресметката, која треба да се одржи на 19 декември во Мајами.

Пол во својата професионална кариера има 12 победи и еден пораз, а против Џошуа ќе го очекува тешка борба.