Борусија во акција, сака да „украде“ голем талент на Реал Мадрид

Борусија Дортмунд според последните информации покажала интерес за младиот фудбалер на Реал Мадрид, 18-годишниот Жоан Мартинез.

Станува збор за фудбалер кој во овој момент не е во првиот тим на Чаби Алонсо и одигра 11 натпревари во вториот тим под водство на Арбелоа во младинскиот состав на „кралевите“.

Според информациите, Борусија сака да му даде шанса веднаш, неговата клаузула во договорот кој има важност до 2029 година изнесува 70 милиони евра, но јасно е дека „милионерите“ нема да сакаат да ја платат таа сума во овој момент.

Од друга страна најавите од Шпанија се дека Реал Мадрид планира да му даде шанса во првиот тим откако Алаба и Рудигер ќе си заминат, тоа веројатно ќе се случи наредното лето. Како и да е останува да видиме како целата ситуација ќе се развива и каде ќе заврши тинејџерот.