Нови детали за мега-скандалот: Вмешан и актуелен репрезентативец на Турција!

Турскиот фудбал е погоден од еден од најголемите скандали во историјата, а откако претходно се водеше истрага против 371 судија кои учествувале во обложување, сега истрагата се прошири на над 1.000 фудбалери.

Помеѓу судиите веќе има и суспендирани, а станува збор и за судии кои делеле правда и во најсилното првенство. Сега, кога се фудбалерите во прашање се открива дека дури 77 фудбалери биле дел од турската Суперлига, исто така познато е и најзвучното име.

Во прашање е фудбалерот на Галатасарај и репрезентативец на Турција, Ерен Елмали. Фудбалерот веднаш се огласи на Инстаграм каде што истакна дека пред пет години одиграл „тикет“ кој не го вклучувал неговиот тим за кој тогаш настапувал.

Порад големиот број учесници, Фудбалскиот сојуз на Турција целосно ги суспендираше третиот и четвртиот ранг од натпреварувањето и таму нема да се игра фудбал додека истрагата не биде завршена.

Во истрагата се вмешани и претседателот на прволигашот Ејупспор и поранешниот сопственик на Кашимпаша, со кои надлежните веќе имале разговор. Елмали пак, поради целата ситуација веднаш бил исфрлен и од списокот на репрезентацијата за претстојните натпревари во квалификациите за СП.

Исто така исфрлени биле Изет Челик од селекцијата до 21 година и Еге Албајрак кој беше на списокот на репрезентацијата до 19 години. Двјацата биле вмешани и се суспендирани.

Фото: EPA