Мурињо прво сакаше да ги тепа судиите, а потоа жестоко удри по нив (ВИДЕО)
„Орлите“ поведоа со 2-0, но по досудениот пенал за гостите и погодок во судиското продолжение, домашниот тим загуби два вредни бода. Клучниот момент на натпреварот беше спорниот пенал, по кој Каза Пиа се врати во игра. Конечниот удар стигна во последните минути, кога гостите израмнија, што предизвика бурна реакција од Мурињо, кој влета на теренот и проба да ги нападне судиите.
Португалскиот стратег и на прес-конференцијата продолжи со критики кон делителите на правдата.
„Ќе бидам љубезен ако кажам дека се работи само за грешка. Ова беше сериозен пропуст и на судијата и на ВАР собата. Да, имаме и наша вина што не ја затворивме средбата, но судиите ја отворија повторно. УЕФА и ФИФА од почетокот на сезоната истакнаа дека вакви ситуации не смеат да се случуваат. Јасно е дека погрешија. Верувам дека искреноста ќе ме чини казна, но изгубивме два бода, а тие добија два. Така се добиваат и губат титули“, изјави Мурињо.
По овој четврти реми во лигата, Бенфика заостанува шест бодови зад лидерот Порто. Следниот натпревар „црвено-белите“ ќе го играат по паузата за репрезентации, на гостувањето кај Национал кон крајот на месецот.