Бока го урна Ривер во Суперкласико - Зебаљос беше херојот на мечот! (ВИДЕО)
Во едно од најголемите фудбалски дерби натпревари во светот, Бока Јуниор вечерва триумфираше со 2-0 над лутиот ривал Ривер Плата.
Возбудувањата се случија на крајот од првиот дел, и на почетокот од второто полувреме.
Херој беше Зебаљос, кој погоди за 1-0 во 45+1 минута, а потоа му асистираше на Мигел Мерентиел за 2-0 во 47. минута.