„Мило ми е што дојде Музети, Ѓоковиќ ме уништи претходниот пат“
Шпанецот има голема шанса да се врати на чело и таму да остане барем до крајот на јануари, а денеска призна и дека е пресреќен што дојде до промена на друштвото во неговата група. Новак Ѓоковиќ го откажа настапот во Торино и на негово место дојде Лоренцо Музети кој вчера загуби од Србинот во финалето во Атина.
„Нема да лажам, мило ми е што Лоренцо е во групата. Секогаш ми било тешко дека играм овде против новак, поради искуството кое го има и нивото на кое игра на овој терен. Загубив од него во полуфиналето во 2023 година, мислев дека играм добро, а тој ме уништи“, рече Алкараз.
Пред две години, Ѓоковиќ го доби со 2-0 (6-3, 6-2) и тоа досега е последниот „голем“ АТП трофеј за српскиот тенисер.