Новиот газда на клубот со име Македонија ЃП испрати соопштение на - англиски јазик (ФОТО)
Иако клубот дури и во своето име го има зборот „Македонија“, сепак луѓето кои раководат со социјалните мрежи поради нешто одлучија не го употребуваат јазикот на државата од која доаѓаат.
Навистина е чуден ваквиот потег на еден македонски клуб да не се обрати на јазикот на кој го зборува целата држава, како да сакаа да се обратат на своите фанови низ Европа...
Во продолжение соопшението:


Со цел да помогнеме во преводот во продолжение ние и ќе го преведеме.:
„Неодамнешните медиумски тврдења дека ФК Македонија ЃП има долгови се целосно невистинити. Клубот ни беше предаден со чиста финансиска состојба, и така ќе остане во иднина под наше раководство. Од преземањето наваму, работиме на стабилизирање на административните и оперативните процеси.
Професионалните клубови го разбираат тоа, а професионалците го почитуваат тоа. Но, намето тоа, сведоци сме на намерен обид да се направи разор во клубот. Група играчи и членови на поранешното спортско раководство избраа да го бојкотираат тренингот со изговор на помали задоцнети плаќања предизвикани од технички постапки за време на транзицијата на сопственоста. Тоа не е професионализам. Тоа е намерен чин за оштетување на клубот во момент на транзиција.
Ниту еден играч или член на стручниот штаб нема право да го држи клубот „во заложништво“ поради привремени административни доцнења. Таквото однесување покажува недостаток на карактер, дисциплина и основна почит кон грбот што тврдат дека го претставуваат. Нивните постапки не оставаат простор за преговори.
Со моментално дејство, сите лица вклучени во оваа намерна дестабилизација се суспендирани до понатамошно известување. ФК Македонија ЃП нема да се води со закани, притисоци или непрофесионално однесување. Ќе продолжиме само со луѓе кои покажуваат сила, лојалност и вистинска посветеност, а не изговори. Клубот влегува во ново поглавје, а тоа поглавје бара интегритет, дисциплина и вистински луѓе кои застануваат кога е најважно. Секој што не може да го исполни тој стандард, едноставно нема место тука“.