Луд дриблинг во НБА: Хантер го посрамоти и го повреди Гиди! (ВИДЕО)

Во изминатата вечер Кливленд на гости славеше против Чикаго со 126-122, но по овој натпревар во центарот на вниманието се најде и кошаркарот на домаќините, Де Андре Хантер кој изведе брутален дриблинг против Џош Гиди.

По маестралниот потег, Гиди падна на паркетот, па дури и се повреди и имаше проблеми додека го напушташе теренот. По неколку минути се врати на теренот, меѓутоа не успеа да постигне ниту еден поен до крајот на мечот.

Снимката од дриблингот брзо стана вирална на социјалните мрежи, а интересна беше и реакцијата на Томас Брајант од Кливленд кој го исмејуваше Австралиецот.