Пелистер сака излез од кризата, Вардар против Тиквеш за враќање на врвот
Екипата на Пелистер на свој терен ќе ја дочека Брера во натпревар во кој сака конечно да ја прекине серијата од девет натпревари без победа во Првата лига. Последниот триумф во домашното првенство битолчани го забележаа на крајот на август против Шкупи, а ниту промената на стратегот и доаѓањето на Милан Стојановски не помогна за подбри резултати.
Брера од друга страна се наоѓа на шестата пзиција со 16 бода, но без триумф во последните две средби во кои ремизираше и загуби, меѓутоа играше и против фаворитите Силекс и Шкендија, па во Струмица овој натпреевар го гледаат како можност за враќање на победничките патеки.
Во вториот натпревар кој се игра во Скопје, Вардар го пречекува Тиквеш во натпревар во кој „црвено-црните“ сакаат продолжување на низата од три победи. Победа за вардарци ќе значи и враќање на врвот на табелата каде што во овој момент е Струга по вчерашниот триумф над Арсими. Тиквеш е во долниот дел од табелата на деветтата позиција, меѓутоа во последниот период е во доба форма и наа претходните две средби нема пораз, ремизираше со Пелистер и го победи Работнички.
Двата натпревари се играат во терминот од 13:00 часот.