Барселона должи 1,45 милијарди евра - познато како гигантот паднал во „бунарот“!

Шпанскиот шампион Барселона со години се обидува да се извлече од финансискиот хаос, но долгот на екипата сè уште е висок, односно во моментов изнесува 1,45 милијарди евра.

Проблемите на клубот почнуваат уште во 2017 година и трансферот на Нејмар, кога биле потрошени многу пари на засилувања.

„Наместо да се искористат парите на долгорочни инвестиции, парите од Нејмар беа потрошени веднаш“, вели Крис Ведерспун за „Атлетик“ и ги наведува трансферите на Дембеле, Курињо, Гризман, но и договорот на Меси како главни причини за финансискиот колапс.

Пандемијата дополнително ја влошила ситуацијата и клубот морал да одложи исплати на играчите од 389 милиони евра. Со доаѓањето на Лапорта, долгот пораснал на 595 милиони.

Дополнителен проблем е и изградбата на стадионот, со што долгот дополнително се зголемуваше како минуваше времето, иако Лапорта направил сè што може за да спречи зголемување на истиот.