Ракометар на Тиквеш наместо да ја скине мрежата, со топка го нокаутира – судијата (ВИДЕО)
Во првото полувреме, ракометарот на гостинскиот тим, Богдан Мијушковиќ, упати вистинска бомба со желба да го намали водството на противникот (7-3), но топката наместо кон голот, заврши директно во градите на битолскиот судија, Методија Илиевски. Ситуацијата беше непријатна, а ударот му донесе голема болка, поради што на делителот на правдата му требаше време да дојде до воздух.
Тој по извесно време продолжи да го суди мечот, заедно во двојка со својот брат Михајло, а кавадарчани успеаја да се вратат од големата негатива и на крајот да дојдат до бодовите.