Сабаленка и Рибакина ќе се борат за титулата во Ријад
Рибакина во полуфиналето со пресврт славеше против Џесика Пегула со 2-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-3). По нешто послабиот старт и раниот брејк, Американката успеа да се консолидира, да го подигне нивото на игра и да го сврти натпреварот во своја корист.
Во борбата за трофеј силите ќе ги одмери со Сабаленка која исто така со 2-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-3) ја совлада Амада Анисимова.
Финалето кое ќе се игра утре за нив ќе биде 14 меѓусебен дуел, а во овој момент води Сабаленка со 8-5.