Бивш фудбалер на Интер се враќа во Иран за да ја брани татковината

Еден од најпознатите ирански фудбалери, Мехди Тареми наводно побарал од управата на Олимпијакос да му дозволи да се врати во татковината по американските и израелските напади.

Според иранските медиуми, 33-годишниот Тареми сака да се приклучи на командните структури за да даде поддршка во одбраната на Иран.

Оваа одлука предизвика голем број реакции во фудбалската јавност, посебно затоа што Тареми беше еден од најдобрите фудбалери на Олимпијакос.

Фото: Facebook/Olympiacos FC