Гостиварци „покажаа заби“, но Куманово им се врати на победите

Кошаркарите на Куманово по поразот од МЗТ денеска во рамките од 6. коло се вратија на победите и ја оправдаа фаворитската улога на гости кај Гостивар со победа од 79-65.

Рамоправен противник домаќините беа само во првата четвртина во која на неколку пати имаа и предност, сепак на крајот кумановскиот состав на пауза замина со предност од два поени (20-18).

Во  втората четвртина Куманово започна да ја презема кнтролата и во овој период во ниту еден момент не дозволи домаќинот да има водство. На одмор заминаа со шест поени предост (41-35).

Каде со што застанаа во втората четвртина, продолжија и во второто полувреме каде што многу брзо дојдоа и до двоцифрена разлика. Не се промени ништо и во последниот период, па кумановци стигнаа до петтата победа од почетокот на сезоната со штоа се наоѓат на втората позиција и таму ќе останат барем до одигрувањето на утрешното дерби помеѓу Пелистер и МЗТ. Лидер со максимални шест победи е ТФТ.

Митревски беше најефикасен со 20 поени и шест скока, но посебно се истакна и Луковиќ кој средбата ја заврши со даблл-дабл од 17 поени и 15 кока. На спротивната страна во редовите на поразените Младеновиќ „броеше“ до 16.