Албанците суспендираа бразилска одбојкарка - бараат да докаже дека е женско!

Албанскиот одбојкарски сојуз ја суспендира 32-годишната одбојкарка на Динамо, Најара Фереира и побара со тестови да покаже дека е женско.

Суспензијата следеше откако клубовите Влазнија и Подградец обвинија дека Фереира би можела да биде машко или да користи хормонска терапија за да ја подобри својата игра.

Сојузот ѝ нареди на Бразилката на 15 ноември да направи тест, но бразилската одбојкарка го одби предлогот и реши да направи доброволно тестирање во друга клиника и резултатите треба да бидат познати во текот на следните денови.

„Се чувствувам како да ми го урнале светот. Никогаш досега никој не се сомневал во мојот пол. Не ми е јасно зошто  тоа го прават“, кажа Фереира.