Бејл открива зошто е различно да се биде тренер на Леверкузен и Реал Мадрид
Но, во Реал Мадрид е поинаку иако има значително подобар тим. Алонсо бележи добри резултати со кралскиот клуб, но има огромна разлика меѓу менаџирањето на двата тима.
Герет Бејл кој е поранешен играч на Реал Мадрид, добро знае што е разликата да се биде тренер на кралскиот клуб и да се работи во Леверкузен.
„Тренирањето на Леверкузен е поинакво од тренирањето на Реал Мадрид. Во Реал треба повеќе да го менаџирате егото на фудбалерите отколку да правите тактички промени“, вели Бејл.
Алонсо токму тоа го прави во овој период, особено предизвик за Шпанецот е однесувањето на Винисиус кој е најпроблематичниот фудбалер во Реал Мадрид.