Синот на Леброн не може ништо да погоди, а минутажата му расте - има причина за тоа!
Уште во предсезоната многумина зборуваа дека Брони е во НБА само поради неговиот татко кој сакаше да си ја исполни желбата со син му да заигра во лигата.
Првата сезона Брони ја заврши со просек од 2,3 поени, 0,7 скокови и 0,8 асистенции и 6,7 минути по натпревар.
Во оваа сезона има двојно поголема минутажа, таа е 13,1 по натпревар, а просечно има 1,5 поени, 0,8 скокови и 1,8 асистенции. Како и во минатата сезона, шутот му е слаб 3/14, што е само 21,4 проценти. Во шест одиграни меча постигна девет поени. Бројките се слаби, но минутажата е поголема.
Аналитичарите пресметаа дека причината за тоа е неговата добра игра во одбрана. На шест натпревари оваа сезона со таа скромна минутажа која ја има, ги натера своите противници на седум загубени топки. Покрај тоа, кога тој игра одбрана на нив, им го спушта просекот на шут за 42,3 проценти на прецизност, што е трет најдобар учинок во Лејкерс, веднаш зад Маркус СМарт и Деандре Ајтон.