Селта го пецна фанот со „косата“ на Јунајтед откако врза пет победи! (ФОТО)

Шпанскиот клуб Селта со 3-0 денеска славеше на гостувањето кај Динамо во Загреб, тоа за нив беше петта победа по ред.

Админот на социјалните мрежи на Селта знаеше како да го одбележи тоа.

Тој го пецна фанот на Јунајтед кој чека англискиот тим да врзе пет натпревари за да се ишиша. Па од Селта му порачаа дека веќе ќе бил шишан ако навивал за нив.