Дрита во победничко расположение ќе ја пречека Шкендија во следното коло!
Хендикеп за Шелбурн беше црвениот картон кој го добија уште во 16. минута. Дрита тоа го искористи и со гол на Ајзерај во 57. минута дојде до победата.
Во следното коло од Конференциската лига Дрита ќе ја пречка Шкендија. Тој меч се игра на 27. ноември.
По три одиграни кола Дрита е на 13. место на табелата со пет освоени бода, Шкендија е на 21. позиција со четири бодови. Нивниот меѓусебен дуел ќе биде многу значаен за пласман во нокаут фазата.
Во останатите мечеви од Конференциската лига кои почнаа од 21 часот се постигнати следниве резултати: Кристал Палас - АЗ Алкмар 3-1, Динамо Киев - Зрињски 6-0, Хакен - Стразбур 1-2, Лозана - Омонија 1-1, Линколн - Ријека 1-1, Рајо Ваљекано - Лех 3-2, Рапид - Универзитатеа 0-1.