Шкендија прими гол во стотата минута, Јагелонија незаслужено си оди со бод од Скопје! (ВИДЕО)
Се чинеше дека момците на Јетон Беќири ќе ја забележат и втората европска победа, но натпреварот имаше трагичен крај за македонскиот шампион.
Мечот не понуди многу возбудувања, немаше идеални шанси за гол, беше постигнат само еден погодок, а тој се случи во мрежата на противникот од Полска.
По четири минути игра во второто полувреме, нафрлување на Вебстер од корнер кое го реализираше Љатифи со глава за водство од 1-0 на Шкендија.
И по примениот гол Јагелонија изгледаше немоќно, Шкендија максимално ангажирано и внимателно се бранеше и не дозволи да биде загрозен голот на Гаје.
Во финишот капитенот Бесарт Ибраими упати силен шут од далечина, но гоманот на Јагелонија го одбрани неговиот удар.
Длабоко во судиското продолжение беше исклучен играчот на Јагелонија, Имаз поради втор жолт картон кој го доби за симулирање.
Судијата покажа седум минути надополнување, и се чинеше дека Шкендија ќе го добие мечот, но во 100. минута Лозано со волеј погоди за израмнување на 1-1.
Наредниот натпревар на Шкендија во Конференциската лига е на гостински терен кај косовска Дрита. Мечот се игра на 27 ноември.





