Ѓоковиќ со тешка мака го скрши Боргес за полуфинале број 199 во кариерата
Ова беше прв дуел против овој ривал, а успеа да го победи со голема мака и за час и 45 минути игра. Со тоа стигна до 199. АТП полуфинале во своката кариера, негово осмо оваа сезона, а во исто време продолжува да атакува на својата 101. титула. Српскиот ас во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот Ханфман-Жирон.
Ѓоковиќ влезе добро во натпреварот, играше колку што е потребно за постојано да врши притисок врз својот ривал. Пропушти две брејк топки на почетокот од натпреварот, а потоа на 4-4, Борхес имаше 15-40. Првиот сервис на Новак тогаш не функционираше, но вториот му успеа, па се извлече од проблеми со тоа, како и со неколку многу храбри одлуки. Се водеше до тај-брејк, а Србинот го покажа своето искуство и квалитет и го „исчисти“ својот ривал со 7-1 за водство од 1-0 во сетови по нешто повеќе од еден час игра.
Вториот сет беше сличен на првиот - играчите беа максимално израмнети и немаше никаква најава дека може да дојде до брејк. Боргес, сепак, не го издржа притисокот, загуби сервис при 3-3 кога направи неколку грешки и тоа се покажа клучно за мечот. Новак рутински ги помина своите следни два сервис-гема и заслужено се пласираше во полуфиналето.