Прекин на Градски: Зејнулаи изгуби свест - доби удар во глава од соиграч! (ВИДЕО)
Несреќниот момент се случи во финишот од првото полувреме кога Алхасан невнимателно го шутна во глава својот соиграч Зејнулаи. Лекарскиот тим на Шкендија веднаш интервенираше на теренот. Фудбалерот се освести и беше заменет. На негово место влезе Красниќи.