Полски навивачи влегле во клинч со македонската полиција – еден е во притвор!
Македонската полиција приведе едно лице од групата полски фанови поради непочитување наредба на службено лице и провоцирање на граѓани во централниот дел од градот, објави „Слободен печат“ (види ТУКА). Според информациите, во Скопје се наоѓаат околу 250 до 300 поддржувачи на Јагелонија, а полските навивачки групи важат за едни од најпроблематичните на континентот, поради што првите тензии се случија уште пред самиот натпревар.
Шкендија вечерва ќе се обиде да го продолжи позитивниот европски ритам, откако во претходното коло го совлада ирскиот Шелбурн.
ФОТО: ИЛУСТРАЦИЈА