Де Роси ја доби задачата да ја спасува Џенова
Виера доби отказ откако тимот со него на клупата во првите девет натпревари од сезоната не успеа да слави. Без него во минатото коло против Сасуоло, Џенова дојде до првиот триумф во сезоната.
Де Роси потпиша договор до крајот на сезоната според кој ќе заработи 800.000 евра, а во него има и клаузула за автоматско продолжување доколку избори опстанок.
Со работа Де Роси ќе започне веднаш и уште денеска ќе го има првиот тренинг со екипата. За него ова ќе биде трет тренерски ангажман по работата во СПАЛ и Рома.