Милевски: Во Велс нема да играме на бод, одиме да се надигруваме и уживаме!

Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери за дуелите со Летонија (13 ноември) и Велс (18 ноември), а во него немаше посебни изненадувања.

Милевски истакна дека натпреварот со Летонија кој го играме во Скопје ќе биде една добраа подготовка, но исто така додаде и дека носи бодови за ракингот на нашата репрезентација.

„Фудбалерите на списокот се истите од претходно, плус Димоски, Трапановски и Ќамили кои не беа со нас во октомври. Се надевам сите ќе останат здрави до понеделник да се јават на повикот. Сите сме подготвени за тоа што не очекува, контролниот меч со Летонија и последниот натпревар во квалифиакцитие против Велс. Ќе имаме добри мини-подготовки за овој предизвик кој ни претстои. Мечот со Летонија ќе ни послужи со сигурност, иако ако можам да бирам не би го одбрал.

Сепак, наша обврска е да играме десет натпревари во годината и поради тоа го почитуваме тоа. Ќе ни послужи како подготовка, ќе дадеме минутажа на некои фудбалери кои не играат во репрезентацијата, ќе пробаме некои замисли. Се работи за ранкинг бодови кои ќе ни послужат за ждрепката за следниот квалификациски циклус.

Исто така Милевски потенцираше дека во Кардиф нема да играме на бод.

Не само против Велс, ние одиме на секој натпревар по добар резултат, да играме фудбал. Сакаме да докажеме пак дека не сме случајно конкурентни и не сме случајно вторпат по ред во бараж за еден Мундијал. Одиме во Кардиф да уживаме во фудбалот и пак да се докажуваме. Нема калкулации кај нас, нема да одиме да играме на бод и подготовката секогаш ќе биде на победа“, порача Милевски.