Тројката на Војдан која го израдува МЗТ против Студент (ВИДЕО)

Кошаркарите на МЗТ Скопје триумфираа против Студент со 85-82 во третото коло од АБА2-лигата, а херој во победата на скопскиот гигант беше Војдан Стојановски.

Стојановски со тројка во последните стотинки од натпреварот ја запечати победата на македонскиот кошаркарски шампион против Студент.

Македонскиот кошаркар го заврши натпреварот со 20 поени, три скокови и две асистенции, додека најефикасен во триумфот беше Мекејден со 26 поени, четири скока и три асистенции.

Фото: ABA2-League