Роналдо: За пензија се подготвувам од 25-26 години, многу ќе плачам
Во февруари Роналдо ќе наполни 41 година, меѓутоа и во дресот на Ал Наср има одличен учиинок и на 115 натпревари постигна 102 голови со што дојде до бројката од 950 гола, веќе е добро познато дека негова најголема цел се 1.000 голови.
„Наскоро ќе одам во пензија, меѓутоа ќе бидам подготвен. Веројатно многу ќе плачам, ќе ми биде тешко. За тој момент се подготвувам од 25-26 години, мислам дека ќе успеам да го поднесам притисокот“, изјав Роналдо.
Португалецот во својата богата кариера освои по пет „Златни топки“ и титули во Лигата на шампионите.