Бивш агент му се заканувал со пиштол: Познат идентитетот на фудбалерот кој минал низ пекол!
Британски „Сан“ пишува дека неговиот поранешен агент по жестока караница извлекол пиштол и почнал да му се заканува на младиот фудбалер.
Инцидентот се случил на 6 септември во Лондон, додека 21-годишниот фудбалер се шетал со негов пријател.
Хаосот се случил откако Удоги решил да ја прекине соработката со агентот, а нивната караница преминала во сериозен инцидент кој ја шокираше фудбалската јавност.
„Му даваме целосна поддршка на Удоги од моментот на инцидентот и ќе продолжиме да го правиме тоа. Не можеме дополнителни детали да откриваме поради активната истрага“, кажа портпаролот на Тотнем.
Фото: EPA