Елмас: Јас сум плејмејкер, но би играл на било која позиција за Наполи!
Елмас посочи дека е најдобар кога игра како плејмејкер, но тоа не го спречува да го видиме и во друга улога на тенерот.
„Јас сум плејмејкер, но можам да играм било каде за Наполи. Навивачите понекогаш не разбираат колку е тешко да не играте на вашата природна позиција, но јас секогаш се трудам да го дадам најдоброто за Наполи“, кажа Елмас.
Македонскиот фудбалер го одигра цел меч против Ајнтрахт Франкфурт (0-0) и имаше една голема шанса, но голманот на гостите го запре неговиот удар.
Фото: Napoli FC