Осум победи по ред без примен гол: Арсенал израмни рекорд од 1889 година!

Англискиот вицепрвак Арсенал се наоѓа во неверојатна форма, откако синоќа славеше против Славија Прага со 3-0 во Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа беше нивната осма победа по ред без примен гол.

Арсенал успеа да ја зачува мрежата на последните осум меча во сите натпреварувања, а со тоа се израмни со рекордот на Престон од 1889 година.

Такво нешто успеал да направи и Ливерпул во 1920 година, а Арсенал во следниот меч би можел да го надмине овој рекорд.

Фото: Arsenal