Брзо му заврши вториот мандат во Фиренца, Пиоли доби отказ
Фиорентина по десет одиграни кола е последна на табелата без победа и со само четири бода, еден помалку од Верона и два од Џенова, па разделата беше и очекувана.
На клупата на Фиорентина, Пиоли се врати на почетокот на оваа сезона откако претходно работеше во Ал Наср. За него ова беше втор мандат бидејќи на клупата на „виолетовите“ беше и од 2017 до 2019 година.
Во својата кариера Пиоли беше тренер и на Милан, Интер и Лацио, но и на уште неколку италијански клубови. Фиорентина во наредните натпревари ќе ја предводи тренерот, Даниеле Галопа.