Куртоа не можеше сам против Ливерпул, Дијаз го израдува Баерн во Париз (ВИДЕО)

Ливерпул го доби дербито против Реал Мадрид (1-0) на „Енфилд“, додека Баерн Минхен триумфира со 2-1 против ПСЖ на „Паркот на принцовите“ во четвртото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Премиерлигашот имаше неколку добри шанси во првото полувреме, но Тибо Куртоа беше на висина на задачата и ја зачува својата мрежа.

Посебно внимание привлече еден момент во првиот дел од мечот, кога Собослаи испрати удар и топката го погоди Чуамени во рака, па многумина очекуваа да биде покажан пенал, но судијата реши дека играта со рака била надвор од казнениот простор.

Одбраната на „кралевите“ успеа да ја пробие Мекалистер во 61. минута, откако со силен удар го матира Куртоа за предност од 1-0, по што резултатот не се менуваше до крајот на средбата.

Баерн Минхен поведе во дуелот против парижаните во четвртата минута со голот на Луис Дијаз, по што актуелниот европски и француски шампион погоди преку Дембеле, но голот беше поништен поради офсајд.

Дијаз набрзо постигна и втор гол за баварскиот гигант и донесе предност од 2-0, но Колумбиецот направи голема глупост во судиското надополнување и заработи директен црвен картон.

Жоао Невес во 74. минута ја затресе мрежата на гостите од Минхен за 1-2 и донесе возбудувања во финишот, меѓутоа Баерн успеа да ја зачува предност и да слави во Париз.

Останати резултати:

Атлетико Мадрид – Ројал Унион 3-1
Бодо/Глимт – Монако 0-1
Јувентус – Спортинг 1-1
Олимпијакос – ПСВ 1-1
Тотнем – Копенхаген 4-0

Standings provided by Sofascore

Фото: Liverpool FC