Неверојатно: Дефанзивец на Тотнем го претрча цел терен и постигна гол! (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Тотнем, Мики Ван де Вен по добро ќе го памети мечот против Копенхаген (4-0), откако се запиша во листата на стрелци, и тоа на неверојатен начин.

Ван Де Вен ја зема топката од казнениот простор на Тотнем, па успеа да ги премине сите ривали за на крајот да постигне погодок за лондонскиот гигант.