Штрајкот ставен во мирување, Ѓорчепетровци ќе излезат на терен со Струга!
Пред десетина дена клубот од Ѓорче доби нов сопственик, а многу брзо се појавија првите проблеми.
Во текот на вчерашниот ден тимот во знак на револт и штрајк не тренираше, па беше под знак прашалник и денешниот дуел од Првата лига. Сепак, по разговорите со раководството ситуацијата се смирила и барем засега штрајкот е ставен во мируваање.
Натпреварот на кој тие се домаќии е закажан за во 13:30 часот.