Нова генијалност на Јокиќ - го исшиша Сабонис (ВИДЕО)
Така беше и синоќа на мечот против Сакраменто на кој Србинот првпат оваа сезона ја мина границата од 30 поени. Меѓу другото, имаше и неколку спектакуларни потези, карактеристично за неговиот стил на игра.
Еден од оние за кои уште долго ќе се зборува е асистенцијата кон Гордон при што топката помина над главата на Сабонис, толку блиску што му ја дофати и косата на литванскиот кошаркар.