Салах ја откри причината за лошиот старт на сезоната на Ливерпул
Салах вели дека не е среќен со стартот на сезоната, но знаел дека нема да биде лесно поради големите промени.
„Не сум среќен со стартот на сезоната. Но знаев дека нема да биде лесна сезона за нас. Ангажиравме многу нови фудбалери и на сите им треба време да се прилагодат во клубот“, вели Салах.
Ливерпул по 10 одиграни меча се наоѓа на третата позиција со 18 освоени бодови.
Фото: Liverpool FC