Сензација: Тргна од 333. место во светот, па стигна до топ-20 на ВТА-листата!

Тенисерката од Канада, Викторија Мбоко успеа да ја освои титулата во Хонг Конг, а со тоа забележа нов напредок во кариерата.

Мбоко ја почна годината на 333. место во светот и беше вистински анонимус, меѓутоа како минуваше времето така играше сè подобро и успеа да стигне до топ-20.

Нејзин најголем успех претставува титулата на Роџерс купот, а во моментов се наоѓа на 18. позиција на ВТА-листата.