Mиовски влезе и го разбуди Ренџерс, но Селтик го доби дербито и обезбеди финале (ВИДЕО)

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски одигра одличен натпревар за Ренџерс, но тоа не беше доволно неговиот тим да избегне елеминација во полуфиналето од Лига Купот од Ренџерс кој славеше со 3-1 по продолженија.

Селтик во дербито по 20-тина минути игра дојде до водство со голот на Кени, а проблемите за гостите се зголемија во 38-та минута кога Асгард доби директен црвен картон.

Миовски на теренот влезе во 71 минута на местото на Чермити и тој момент како да ги разбуди неговите соиграчи. Само десет минути подоцна, Миовски изнуди пенал кој во гол го претвори Таверниер. До крајот на регуларниот дел Миовски беше еден од најистакнатите на теренот, помагаше и во одбраната, а натпреварот се решаваше во продолженијата.

Таму Селтик сепак беше подобар и со головите на Макрегор и Османд дојде до триумф и пласман во финалето.